Скромниот Канте би можел да се врати во Европа, има клуб кој силно го посакува!

Поранешниот фудбалер на Челси кој сега настапува за Ал Итихад, Нголо Канте би можел наскоро да се врати во Европа и тоа во клуб од неговата Франција.

ФК Париз е клубот кој сака да го види Канте во своите редови, тие сакаат тој да биде лидер во нивниот нов проект и да внесе искуство.

Тоа би било враќање на Канте не само во Европа, туку и во неговиот град.

ФК Париз во моментов е на 12. место во Лига 1.

Актуелниот договор на Канте со Ал Итихад истекува по крајот на оваа сезона, тоа значи дека наредното лето би бил слободен играч.