Скандал во Англија: Виеира затепа навивач на Евертон среде „Гудисон парк“ (ВИДЕО)

Екипата на Евертон обезбеди опстанок во Премиер лигата по неверојатниот триумф синоќа на домашен терен против Кристал Палас (3-2), по кој на теренот втрчаа голем број навивачи на овој тим за да слават заедно со своите миленици.

Еден од нив, воден од еуфоријата, почна да го провоцира тренерот на гостите, француската легенда Патрик Виеира, кој не издржа, ги загуби нервите и почна да го удира со раце и нозе. Среќа во мешаницата се вклучи поприсебни домашни фанови, кои го оттргнаа стратегот на Кристал Палас, пред инцидентот да ескалира.

Евертон мечот го доби откако губеше со 0-2 по првото полувреме, а победничкиот гол го постигна на пет минути пред крајот на средбата.