Сити веќе го договорил првото летно засилување - играч на Јувентус за 60 милиони евра
Станува збор за фудбалерот на Јувентус, Андреа Камбијасо за кого актуелниот англиски првак ќе издвои 60 милиони евра. Камбијасо требаше да дојде зимава на Етихад, но преговорите пропаднаа за потоа повторно да се отворат и да резултираат со договор за трансфер во летниот преоден рок.
Останува само да се види дали врз овој трансфер ќе влијае евентуалната казна на Манчестер која може да значи дури и испаѓање во понизок ранг.