Сити со „тројка“ во последните десет минути се спаси од срам против четвртолигаш (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Сити го „преспаа“ поголемиот дел од вечерашниот дуел од 4. коло од ФА-купот, поради што мораа дури во последните десет минути да се спасуваат од голем срам против четвртолигашот Челтенам, совладувајќи го со 3-1.

„Граѓаните истрчаа со комбиниран, но исклучително силен тим, но тоа не им донесе гаранција за лесна победа и пласман меѓу осумте најдобри во ова натпреварување. Напротив, мотивираниот домаќин успеа и да постигне гол на истекот од првиот час од мечот преку Алфи Меј. Но, четвртолигашот не успеа да го издржи завршниот притисок на Сити, кој прво преку Фоден во 81. минута изедначи на 1-1, а три минути подоцна и да поведе по погодокот на Габриел Жезуз.

Точка на триумфот стави Феран Торес во четвртата минута од судиското продолжение.