Сити почна преговори за Грелиш: Понудата е 100 милиони фунти

Манчестер сити започна официјални преговори со Астон Вила за Џек Грелиш, објавува „Гардијан“. 

Актуелниот шампион на Англија сака да го купи најдобриот фудбалер на тимот од Бирмингам и за тоа е подготвен да плати обештетување од дури 100 милиони фунти. Грелиш е приоритет број 1 за менаџерот Пеп Гвардиола ова лето, иако се споменуваше и понуда за Хери Кејн од Тотнем.

Крилниот фудбалер целата своја кариера ја игра во Астон Вила, а во септември ќе наполни 26 години. Тој е доволно искусен да побара нов предизвик во кариерата, а со трансфер во Сити речиси и сигурно ќе почне да освојува трофеи и секако ќе добие шанса да се докаже во Лигата на шампиони.