
Сити почна преговори за Донарума, ПСЖ прифаќа и половина од првично одредената отштета
Чуварот на мрежата на ПСЖ влезе во конфликт со раководството и тренерот Луис Енрике и нема сомнение дека летово ќе го напушти клубот. „Светците“ веќе најдоа негова замена во Лука Шевалие кој одигра два официјални натпревари, во УЕФА Суперкупот и во француското првенство.
Со цел да се ослободи од Донарума, ПСЖ прифаќа за него отштета меѓу 23 и 25 милиони евра што е половина од сумата која првично беше одредена. Тоа ќе му отвори простор на Манчестер Сити кој планира да се ослободи од Едерсон.