Сити отвара истрага по секс-скандалот: На Вокер не му бега „дебела“ казна!

Манчестер сити отвори дисциплинска истрага откако беше објавено дека Кајл Вокер ги прекршил правилата и направил забава со проститутки, иако ги советуваше своите фанови да останат дома поради пандемијата на коронавирусот.

„Сан“ објави дека Вокер и негов пријател платиле 2.200 фунти на две проститутки да ги забавуваат во нивниот дом минатиот вторник, а само еден ден подоцна фудбалерот на „граѓаните“ испрати порака до јавноста да остане безбедна во овие тешки времиња.

„Манчестер сити е свесен за приказната во медиумите за тоа дека Вокер ги прекршил правилата за карантин. Ние сме разочарани поради овие обвинувања и ќе почнеме истрага против него“, порачаа од тимот.

Вокер претходно се извини поради неговиот потег и кажа дека направил огромна грешка.

„Сакам да ја искористам оваа можност за да се извинам за изборот кој го направив минатата недела. Ја разбирам мојата позиција како професионален фудбалер. Се извинувам на моето семејство, пријателите, клубот, навивачи и јавноста што ја изневерив“, кажа Вокер.