Синот на Анчелоти презема клуб кој ќе го води и во Лигата на шампионите
Анчелоти потпиша двегодишен договор со Лил и на клупата на францускиот клуб ќе го наследи Бруно Женезио.
Давиде Анчелоти кој е син на Карло Анчелоти од јули до декември минатата година беше шеф на стручниот штаб на Ботафого, додека претходно во кариерата беше помошник тренер на својот татко во Баерн Минхен, Наполи, Евертон, Реал Мадрид и репрезентацијата на Бразил.
Лил минатата сезона ја заврши на третото место во француското првенство, додека во осминафиналето на Лига Европа беше елиминиран од Астон вила.
Во новата сезона со Лил Анчелоти ќе се натпреварува и во Лигата на шампионите.