Симеоне: Барселона е најдобар тим во Ла Лига!

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид вчера одиграа нерешено (1-1) во големото дерби, а тоа ќе сака да го искористи Барселона која вечерва игра против Барселона.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне по мечот против градскиот ривал кажа дека оваа сезона најдобар тим во Ла Лига е Барселона.

„Инсистирам на тоа дека Барселона е најдобар тим во Ла Лига. Напаѓаат со неверојатна брзина, имаат квалитетни фудбалери и тие се одлична екипа“, кажа Симеоне.

Реал е прв со 50 бодови, по што следи Атлетико со 49, додека Барселона има 45 поени, но и еден меч помалку од ривалите.