Сигурна победа на Тотнем за чекор поблизу до Европа (ВИДЕО)

Лондонски Тотнем го победи Вулверхамптон со 2-0 за да направи нов чекор поблизу до пласман во Европа, па практично еден троумф го делат тимот од „Вајт Харт Лејн“ до излез на меѓународна сцена во последните две кола од англиската Премиерлига.

Тотнем со триумфот обезбеден со по еден гол на Хери Кејн и Пјер Емили Хојбјерг стигна до 17-та сезонска победа и до 59 бода за да се најде на шестото место, три бода пред Евертон, а четири пред градскиот ривал Арсенал во завршницата од сезоната.

Тотнем и Вест Хем се израменти бодовно, а Ливерпул им бега еден бод во жестоката борба за пласман во Лига Европа или најмалку во Конференциската лига, зашто ЛШ останува многу далечна поради петте бода предност на Челси на две кола до крајот, што би значело во ситуација на Тотнем дека „сините“ треба двапати да загубат, плус Ливерпул еднаш да киксне, а со две победи да се протнат во европската елита.

Вулверхемптон со поразот остана на 45 бода на 12-та позиција.