Штутгарт во „пет до 12“ се обидува да го добие Чурлинов од Келн

Откако дебириташе пред две недели во германската Бундеслига, македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е на мета на второлигашот Штутгарт за да замине на едногодишен заем од Келн, објавија германски медиуми.

Според информациите на дел од германските медиуми, повеќе од јасно е дека Чурлинов во Келн нема да има толку голема минутажа, па последниве два меча по дебито не се најде ни меѓу резервите, па Штутгарт сака да го искористи тоа и да го донесе како засилување за нападот и да му даде поголема шанса за напредок на младиот напаѓач.

Тренерот на Штутгарт, Тим Валтер важел за човек кој многу сака да промовира млади фудбалери, па оттаму му фрлил око на Чурлинов, иако сега прашање е дали и Келн ќе се откаже во финишот од преодниот рок од својот млад фудбалер.

Преодниот рок во Европа завршува официјално утре, а Штутгарт има амбиција да се врати во елитата и моментно е петти со две победи и две ремија од четири меча, но утре го игра својот дуел од петтото коло.