Штутгарт на милиметри да остане бундеслигаш - го прегази Хамбургер во баражот (ВИДЕО)

Штутгарт е на чекор да остане дел од елитната Бундеслига во Германија откако во првиот меч од баражот за опстанок, вечерва на својот стадион го прегазија бившиот германски и европски првак Хамбургер со 3-0.

Хамбургер кој веќе низа години е потонат во Цвајта годинава конкурира за најголем малер, откако овој тим минатиот викенд беше на чекор до директен пласман во Бундеслигата, навивачите веќе славеа на теренот, но Хајденхајм со невиден пресврт во судиското надополнување победи и ги истурка во баражот, во кој Хамбургер сега немаше никакви шанси против „швабите“.

Уште во првата минута Костас Мавропанос донесе водство на асистенција на Хрватот Борна Соса, а Серху Гираси промаши пенал за да ја дуплира предноста во 26-та минута, но потоа се извади со гол за 3-0 во 54-та на асистенција на Соса, само три минути откако Јоша Вагоман ја дуплираше предноста во 51-та минута.

Хамбургер после огромната негатива остана и со десетмина откако Анси Сухонен доби директен црвен картон, па сега вистинско чудо ќе треба овој тим да направи во реваншот за пресврт и да обезбеди пласман во Бундеслигата.

Реваншот е закажан за во понеделник на 5 јуни од 20.45 часот.

VfB Stuttgart [1]-0 Hamburger SV - Konstantinos Mavropanos 1’
by u/Akame_xo in soccer