Шпанските медиуми се простија од Кристијано Роналдо (ФОТО)

Највлијателните спортски весници во Шпанија очекувано денеска на насловната страница го имаат Кристијано Роналдо. 

Тие не се сомневаат дека Португалецот заминува од Реал Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во Јувентус. Медиумите веќе се простија од големата ѕвезда, која безброј пати се најде на насловните страници на нивните весници.

„ЦР7 му дал збор на Ањели“, пишува „Марка“. 

„Заминувањето на Роналдо е моментално“, пишува „АС“.

„Чао ЦР7“, напиша „Мундо Депортиво“