Шпански „АС“: Нејмар се договори со ПСЖ за да се врати во Барселона

Францускиот шампион ПСЖ се договори со една од најголемите ѕвезди Нејмар за да го пушти во неговиот поранешен клуб Барселона во текот на ова лето.

Бразилската ѕвезда се договори со ПСЖ за да го пуштат во Каталонија, откако тој претходно ги испочитува барањата да остане во екипата до крајот на сезоната и максимално да се посвети на обврските на клубот.

Нејмар сезонава одигра 22 меча, а притоа постигна 18 голови и 10 асистенции, а засега не е познато колку пари ќе треба да плати Барселона за неговиот потпис.