
Шпанците открија зошто Роналдо го избрал Јувентус (ВИДЕО)
И додека сè уште се чека на официјална потврда од некој од двата европски великани, Реал Мадрид дека го продал или Јувентус дека го ангажирал, шпанските медиуми веќе објавија зошто Португалецот ја избрал „старата дама“. Се сеќавате на магичниот меч во Торино, на кој Роналдо постигна спектакуларен гол со ножички, најубав во историјата на Лигата на шампионите, а цел стадион му аплаудираше.
Сега, шпанските медиуми објавија видео од изјава на Роналдо по мечот, каде вели дека е воодушевен од топлиот прием во Торино, но и дека од мал навивал за црно-белите.
„Тоа што ми аплаудираше публиката на стадионот на Јувентус, за кого отсекогаш играат одлични играчи и кој е секогаш на врвот ме разнежни и многу ме усреќи. Тоа е клуб кој го сакам од дете и кој многу ми се допадна. Сакав да го гледам Јувентус. Одредените аплаузи и овации остануваат во срцето. Јас им благодарам на сите Италијанци, кои на стадионот му аплаудираа. Големо благодарам“, вели Роналдо.
Сега не е ни чудо што Роналдо баш сака да оди во најтрофејниот италијански клуб, како нова станица, откако со Манчестер јунајтед стана најтрофеен во Англија, а речиси цела деценија мина во најтрофејниот шпански клуб Реал Мадрид, со кој стана убедливо најтрофеен европски колектив по четирите европски круни во последните пет сезони.