
Шокантно: Шкупи нема да игра сѐ додека Сејдини е предводник на ФФМ!
Олгун Ајдин, кој воедно е и претседател на клубот од Чаир, истовремено најави повлекување од клубот ако се најде заинтересиран да го купи ценејќи ја неговата вредност на фудбалскиот паза. Во спротивно, тој е подготвен да направи пауза со Шјупи се додека не се случат промени во ФФМ односно додека не дојде друг човек на местото на претседателот Мухамед Сејдини.
„Немаме доверба во сегашниот фудбалски систем и сегашната ФФМ. Причините за тоа и се познати на целата јавност. Нема да бидеме во оваа игра се додека останува сегашната федерација. Ние нема да го жртвуваме нашиот труд на ничија фикција. Како прва опција е очигледна вредноста на нашиот клуб, доколку се појави заинтересирн човек кој веруваме дека ќе го цени нашиот клуб и ќе додаде нешто на него, ние сме отворени за трансфер на клубот. Доколку тоа не се случи, доколку не се најде човек кој дава вредност, решени сме да направиме пауза додека не се промени оваа Федерација. Не сакаме да бидеме во фудбалот што го води оваа федерација и нема да бидеме“, напиша денеска меѓу другото Ајдин.
Целото писмо на првиот човек на Шкупи поврзано со неговата разочараност од ФФМ и од нејзиното раководство може да ја прочитате во продолжение.