Шок во Франција: Се самоубил член на француски прволигаш поради Ковид-19!?

„Ле Паризиен“ објави страшни вести во кои потврди дека тимскиот доктор на Ремс, Бернард Гонзалес бил пронајден мртов во неговиот дом каде што извршил самоубиство.

Францускиот медиум пишува дека Гонзалес неодамна бил позитивен на тестот на коронавирусот и бил заедно со неговата сопруга во карантин.

„Тој беше посветен и многу добар човек. Знам дека оставил порака пред да се самоубие, но не ги знам точно што пишува во неа“, кажал градоначалникот на градот.

Според францускиот медиум, Гонзалес оставил порака во која кажал дека се решил на таков потег поради вирусот, но не се познати повеќе детали. Сепак, во секој случај сигурно ќе следи полициска истрага.