Шок: Обемејанг има срцеви проблеми!

Габонската ѕвезда Пјер Емерик Обемејанг, фудбалерот на лондонски Арсенал има срцеви проблеми, откри фудбалската федерација на Габон.

Обемејанг, кој е на излезна врата од „Емирати“ пред Африканскиот куп на нациите се зарази со ковид-19 пред доаѓање од Дубаи откако бил на една забава, по што откако излезе од изолација, доби ужасно лоша вест после лекарските прегледи.

„Лекарската комисија после прегледите соопшти дека Обемејанг, заедно со Аксел Меје и Марио лемина имаат срцеви проблеми, па не сакавме да ризикуваме со нивни настапи“, објави габонската федерација.

Засега не е познато за какви срцеви проблеми станува збор, ама веста е доста шокантна, зашто вчера Баерн Минхен објави дека канадската ѕвезда Алфонсо Дејвис е во аут исто така поради срцеви проблеми, кои се откриени на лекарските прегледи веднаш откако фудбалерот излезе од изолација од ковид-19, а Баварците соопштија дека се работи за благ миокардитис, односно воспаление на срцевиот мускул.

Поради срцеви проблеми и аритмија, аргентинската ѕвезда Серхио Агуеро во минатиот месец објави крај на кариерата.

Обемејанг има замрзнат статус во Арсенал под казна за недисциплина, а најплатениот фудбалер на „Емирати“ зимава требаше да направи трансфер зашто „топчиите“ беа расположени да го продадат, но после овие информации сега дополнително ќе се истражува за што станува збор и дали кариерата можеби му е доведена под знак прашалник.