Шест гола за 57 минути: Лајпциг на чекор до три бода (ВИДЕО)

Лајпциг води на гостувањето кај Келн со 4-2 на 30 минути пред крајот на мечот, а досега се играше атрактивен фудбал со дури шест погодоци.

Келн поведе во седмата минута, по што се случи пресвртот преку Шик и Нкунку, а Вернер во второто полувреме зголеми на 3-1. Веднаш потоа Келн намали на 2-3, а Олмо повторно зголеми на два гола разлика (4-2) во 57. минута.