Сетиен за Нејмар: Неговиот индивидуален квалитет е - мама миа!

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен во интервју за „БеинСпортс“ зборуваше за Нејмар и дополнително ги зголеми шпекулациите дека Бразилецот наскоро би можел да се врати на „Камп Ноу“. 

Шпанецот е импресиониран од квалитетот на ѕвездата на ПСЖ и потенцираше дека би сакал еден ден да го тренира.

„Без сомневање би сакал еден ден да го тренирам Нејмар“, вели Сетиен. „Апсолутно. Тој е фудбалер на посебно ниво, никој не може да фрли ни тронка сомнеж на тоа. Веќе го исполнив мојот сон да го тренирам најдобриот во светот, Лионел Меси. Што се однесува за оние кои во иднина би дошле, ќе видме, но навистина би бил пресреќен за Нејмар. Има многу услови за негово доаѓање, најмногу финансиски, но кој може да каже дека Нејмар нема сигурно да се врати? Тој е комплетен фудбалер, исклучителен. Сакам таков вид на фудбалери, тие прават да ви светкаат очите. Неговиот индивидуален квалитет е - мама миа!“, изјави тренерот на Барселона.