
„Серија А треба да започне од нула, само така ќе го спасиме италијанскиот фудбал“
Италија веќе две недели е во целосна блокада и сите спортски натпреварувања се прекинати. Постојат шпекулации за тоа кога сезоната на Апенините би можела да продолжи, но сепак тоа се уште е ставено под знак прашалник.
Поранешниот играч на Јувентус, Анџело Ди Ливио, исто така, зборуваше за тоа што се случува, изјавувајќи дека едноставно нема смисла сезоната да продолжи.
Време е да ги затвориме сите врати и да ја завршиме сезоната целосно. Нема смисла да играме покрај сè што се случува. Никој не знае кога сезоната би можела да продолжи. Мислам дека е реално да се откаже сезоната и од јули или август да се стартува повторно од нула. Тоа е единствениот начин да се спаси италијанскиот фудбал, изјави Ди Ливио.