Серија А остро го казни Пандев – заврши 2019 година за Македонецот!

Капитенот на макеоднската фудбалска репрезентација Горан Пандев доби казна од два меча и 12.000 евра за исклучувањето во неделата на мечот Лече – Џенова (2-2), на кој постигна спектакуларен гол од 40 метри, а потоа изнуди пенал. Со оваа казна за Пандев заврши оваа 2019 година.

Пандев беше исклучен поради бурни реакции и жестоки пцовки кон судијата на мечот, па иако доби два жолти картони, што е автоматски еден меч пауза за исклучувањето, италијанската Серија А го казни построго поради неспортското однесување со вербалните навреди кон арбитрите.

Како Пандев со два меча суспензија мина и Никола Максимовиќ, соиграчот на Елиф Елмас од Наполи, кој доби црвен картон на мечот со Удинезе во саботата.

Пандев после оваа казна Пандев ќе ги пропушти мечевите со Сампдорија во големото радско дерби закажано за в сабота од 20.45 часот, а потоа и гостувањето на „Џузепе Меаца“ кај својот поранешен клуб Интер на 21 декември од 18 часот. Всушност за Пандев практично завршува оваа година, бидејќи по овие два меча следува паузата за божиќно-новогодижните празници, а Серија А продолжува на 5 јануари.