Серафимов си постигна автогол: Залаегерзег декласиран на домашен терен (ВИДЕО)

Залаегерзег доживеа убедлив пораз од 2-5 на домашен терен во дуелот со Пакш во рамки на 7.коло во унгарскиот фудбалски шампионат. 

Младиот македонски репрезентативец Никола Серафимов за жал си постигна автогол во 38.минута и им донесе водство на гостите од 0-2. Иако Залаегерзек на стартот од второто полувреме намали на 1-2, потоа следуваше нова серија на гостите, кои постигнаа три гола за убедливи 1-5. Во судиското продолжение домашниот тим само го ублажи поразот на 2-5 од пенал. 

Авготолот на нашиот интернационалец можете да го видите ТУКА.

Стоперот во својата дебитантска сезона во Залаегерзег нема пропуштено натпревар и ги одигра сите седум натпревари, а дури два пати се запиша во листата на стрелците.