Сент Етјен не успеа да се „врати од мртвите“, Брест освои три бода!

Сент Етјен го запиша и четвртиот пораз по ред во француската Лига 1 бидејќи денеска не успеа да освои ниту бод против Брест (2-3).

Брест по првите 45 минути водеше со 3-0, па многумина помислија дека дуелот тука е решен, но во вториот дел Сент Етјен успеа до 69. минута да намали на 2-3 и да дојде во позиција да брка бод, но не успеа да ремизира.

Рен беше шокиран повторно, откако на гостувањето кај Ремс загуби со 0-1 и сега е во позиција да го загуби третото место на табелата.