Селта го суреди Хетафе и го остави закован на дното во Ла Лига! (ВИДЕО)

Селта Виго ја запиша третата победа сезонава во шпанската елита, откако во Мадрид го разнесе Хетафе победувајќи го со 3-0 за малиот мадридски клуб да го остави закован на дното во Ла Лига со само два освоени бода после ова десето коло.

За три минути Селта ја заврши работата за да дојде до победата и да ја прекине својата серија од два порази во низа, откако во 55-та Санти Мина и во 58-та Јаго Аспас двапати погодија во мрежата на Хетафе, двапати на асистенција на Браис Мендез.

Мина само додаде уште еден гол, негов втор на мечот, во 73-та минута за да ја запечати убедливата победа, кога веќе домаќинот беше и десеткуван со исклучувањето во 63-та минута на Џене.

Селта со победата дојде до 10 бода на контото и е на 14то место, со исто бодовно салдо како и Елче на 15-та позиција, додека Хетафе останува на само два на последното место и заедно со Леванте, каде член е македонскиот репрезентативец Енис Барди се единствени два клуба кои досега сезонава сѐ уште немаат победа.