Себалјос му донесе 12-ти триумф по ред на Реал Мадрид на гости (ВИДЕО)

Реал Мадрид се опорави од шокантниот пораз од Бетис на домашен терен од пред неколку дена и денеска славеше победа од 2-1 на гости кај Алавес.

Играта на гостински терен не му е проблем на шпанскиот и европскиот шампион, туку домашната форма. Овој пат „џокер“ на Зинедин Зидан беше Дани Себалјос. Најдобриот фудбалер од изминатото младинско Европско првенство доби шанса за прв пат да биде стартер за Реал Мадрид и не разочара. Тој беше стрелец на двата погодоци за „кралевите“, додека за Алавес погоди Ману Гарсија. Ова беше 12-та победа по ред на гостински терен за Реал Мадрид и постави нов рекорд.