Се тепаше со соиграчите, Раниери сакаше да го „убие“, а сега ја спасува кариерата! (ФОТО)

Контроверзниот француски фудбалер, Абубакар Камара, ќе добие нова можност во тимот на Фулам. Пред само неколку месеци таквото сценарио изгледаше невозможно, бидејќи Камара на некој начин беше симбол за ужасната сезона на Фулам која резулриташе со испаѓање во Чемпионшип.

Овој 22 - годишен Французин правеше проблеми кога ќе посакаше. Знаеше да се опијани, се тепаше со соиграчите, а поранешниот менаџер, Клаудио Раниери, призна дека во еден момент дури посакал да го „убие“, откако самоиницијативно донел одлука за време на натпреварот против Хадерсфилд. Имено, Александар Митровиќ требал да шутира пенал, но Камара му го земал фудбалот и промашил.

Најголемиот инцидент се случил во октомври минатата година, кога предизвикал тепачка и му нанел тешки повреди на еден фудбалер за време на тренинг, поради што клубот веднаш реагирал и го испратил на позајмица во Турција, во тимот на Малатијаспор.

Сепак, ситуацијата во Фулам се промени, Раниери е веќе поранешен менаџер, а на клупата седна Скот Паркер, кој верува во Камара. Тој деновиве имал разговори со раководството на клубот и дал зелено светло Камара да се врати назад.