Се подготвуваат за ремонт: Јунајтед на располагање има најмногу пари за летен шопинг

Англиските медиуми објавија дека Манчестер јунајтед во моментов има најмногу пари на располагање за летен шопинг, иако и во претходниот период трошеа на засилувања.

Тренерот Оле Гунар Солшер за два преодни рока ангажираше фудбалери во вредност од околу 260 милиони евра, но на сите им е јасно дека се потребни свежи играчи, а за тоа Јунајтед има подготвено околу 330 милиони евра.

По нив на листата со пари за засилувања е Асенал, кој на располагање има 310 милиони, Баерн има 265, Реал Мадрид следи со 230, па ПСЖ со 165...