
Шпанците анализираат: Голот на Дијаз требало да биде поништен!? (ВИДЕО)
При голот на Дијаз за 2-1, Винисиус беше во пасивен офсајд и го блокираше видното поло на голманот Јан Облак.
„Винисиус е во офсајд и стои на метро ипол пред Облак. Голманот на Атлетико не може да ја види топката бидејќи Бразилецот е непосредно пред него. Немам сомнеж, голот требаше да биде поништен. Ова не е грешка на судијата, проблем е тоа што не беше добро советуван од ВАР собата“, вели Павел Фернандез, кој за „Марка“ правеше анализа на судиските одлуки.
Но, има и такви кои сметаат дека голот е регуларен.
„Проблем е тоа што целата ситуација се анализира од една фотографија и перспектива. Винисиус е во движење, тој практично се трга од голот, а топката се движи кон подалечната статива, каде Облак нема шанси да ја фати. Во моментот кога Брахим шутира, Облак се фрла, но не може да одбрани. На социјалните мрежи се води дебата поради една фотографија, која не ја доловува целата слика“, вели поранешниот судија Итуралде Гонзалез.