Се чекаше два месеци за Арсенал да победи во Премиер лигата! (ВИДЕО)

Екипата на Арсенал конечно се израдува на победа во Премиер лигата по пауза од повеќе од два месеци, откако славеше на гостувањето кај Вест Хем со 1-3.

На последниот меч од 16. коло во Премиер лигата, „Топчиите“ и покрај тоа што губеа на полувреме, сепак во вториот дел успеаја да го свртат резултатот во своја корист и тоа за само шест минути. Прво во листата на стрелци се запиша Мартинели во 60. минута, а шест минути подоцна погоди и Пепе. Обамејанг во 69. ги постави и конечните 1-3 со кои е прекината црната серија од седум меча без победа.

Со овој триумф Арсенал се искачи две места на табелата и моментно е деветти со 22 бода, додека Вест Хем има 16 бода и се наоѓа на 16. место во Премиер лига.