Саудијците го купија најдобриот стрелец во Серија А за 67 милиони евра!

Саудискиот тим Ал Кадсија активираше (не)очекувана „бомба“ на трансфер-маркетот, откако го договори Матео Ретеги од Аталанта за неверојатни 67 милиони евра.

Најдобриот стрелец во Серија А за минатата сезона се сели во Саудиска Арабија, каде што ќе го засили нападот на Ал Кадсија која има високи амбиции за следната сезона.

Платата на Ретеги ќе се зголеми за дури шест пати, а наскоро се очекува негова промоција во тимот од С. Арабија.

Ретеги минатата сезона ја заврши како најдобар стрелец во калчолигата со 25 погодоци во дресот на Аталанта.

Фото: Facebook/Atalanta Bergamasca Calcio