Сапуница без крај: Барселона не се откажува од Нејмар

Англиски „Гол“ објави дека Барселона нема да се откаже од намерата да го врати Нејмар во нивната екипа, иако тоа не им успеа во летниот преоден рок.

Бразилецот ќе остане во Париз уште една година, но следното лето Барселона со нови сили ќе тргне по неговиот потпис, а такво нешто потврди и таткото на Нејмар.

„Ние се боревме за да му обезбедиме трансфер на Нејмар, но не успеавме. Се мачевме постојано за да пронајдеме компромис. Сепак, тоа не беше доволно на крајот. Нејмар беше среќен во Барселона, па сака таму да се врати затоа што има многу пријатели. Но, преговорите меѓу клубовите уште не се завршени“, порача Нејмар сениор.