Санчо е среќен во Челси: Знам дека има многу луѓе на кои треба да им докажам дека грешат!
Санчо постигна и гол во победата од 4-3 на гостувањето во Северен Лондон, тој вели дека е среќен во Челси.
„Од првиот ден тука направија да се чувствувам добредојдено. Знам дека има многу луѓе на кои треба да им докажам дека грешат“, вели Санчо.
„Работам многу напорно. Сакам да му заблагодарам на стручниот штаб и на тимот што веруваат во мене и ми ја даваат оваа шанса“.