Само реми за Атлетико, Реал Мадрид доби шанса да оди на „плус четири“! (ВИДЕО)

Екипата на Атлетико Мадрид одигра само 1-1 против Виљареал во 21. коло од шпанската Ла Лига и така му даде шанса на градскиот ривал Реал Мадрид да оди на „плус четири“ на врвот на табелата.

Напаѓаа и создаваа шанси домаќините, но Морено со гол од пенал по половина час игра донесе предност за Виљареал од 0-1. Со минимална предност гостите замина и на полувремето.

Продолжи со подобрата игра и уште повеќе прилики за гол Атлетико и во второто полувреме, а со таква игра преку Лино во 58. минута стигнаа и до израмнување. Сепак, сили за повеќе и некаков пресврт немаа.

Реал Мадрид сега има прилика со победа над Ваљадолид во натпреварот кој се игра вечерва од 21:00 часот да направи и предност од четири бода.