Салихамиџиќ за отказот од Баерн ќе добие отштета до – осум милиони евра!
И ако Салихамиџиќ вчера доживеа шок со отказот веднаш после освојувањето на шампионскиот трофеј само поради огромниот кикс на Борусија Дортмунд која пропушти златна шанса за нова титула, Босанецот со полни џебови си заминува од „Алијанц Арена“.
Како што објави најпознатиот новинар од Германија, Флоријан Плетенберг од „Скај Германија“, Салихамиџиќ ќе добие од шест до осум милиони евра за предвремениот раскин на договорот, зашто имал соработка до 2026 година.
„Салихамиџиќ имаше договор до 2026 година, па отштетата која ќе ја добие е помеѓу шест и осум милиони евра“, објави Плетенберг.
Покрај Салихамиџиќ, отштета секако ќе добие и Кан кој беше претседател на Бордот на директори на клубот, како и Јулијан Нагелсман, екс-тренерот кој среде сезона беше сменет и на негово место беше ангажиран Томас Тухел.