Салихамиџиќ: Се е можно до крајот на трансфер рокот

Спортскиот директор на Баерн од Минхен, Хасан Салихамиџиќ, одби да потврди дали привлекувањето на Филипе Кутињо од Барселона е последниот потег на Баварците кога во прашање е летниот трансфер рок.

Минатиот месец германскиот шампион се активираше и освен Бразилецот беа донесени на „Алијанс“ арена и Иван Перишиќ од Интер и младиот играч од средниот ред на Борусија Менхенгладбах – Михаел Кузанс.

Како и да е, Салихамиџиќ не сакаше да каже дали ова ќе бидат последните засилувања на Баерн.

Трансфер прозорецот се затвора на 2. септември и до тогаш сè е можно. Ние не исклучуваме ништо. Можеме да кажеме дека завршивме добра работа на пазарот и веќе имаме доволно широк и респектабилен тим. Лесно е да се работи со таков кадар, сподели спортскиот директор.

Баерн Минхен ја започна сезоната разочарувачки, откако ремизираше 2-2 со Херта Берлин на свој терен.