
Салах стана прв во историјата што три пати ја добил најпрестижната награда во Англија
Со тоа стана прв во историјата кој три пати го освојувал признание што се смета за најпрестижно во англискиот фудбал на индивидуално ниво за тоа што освојувачот го одредуваат професионалните фудбалери во Англија. Претходно му припадна во 2018 и 2022 година, а оваа сезона ја освои во конкуренција на Алексис Мекалистер, Александер Исак, Деклан Рајс, Кол Палмер и Бруно Фернандеш.
Во исто време, тоа е десетти пат наградата да ја освојува фудбалер на Ливерпул. Минатата сезона Салах беше еден од најзаслужните за шампионската титула на „црвените“ постигнувајќи 29 гола и 18 асистенции во Премиер лигата.