Салах ја прекина црната серија на Ливерпул и му донесе нова победа (ВИДЕО)
Инаку, „црвените“ по пауза од пет меча конечно погодија надвор од „Енфилд“, односно вкупно 467 минути беа без гол на гости, што не им се случило долго време. Тука се смета и мечот против Челси во ФА Купот.
За таа цел се погрижи Мохамед Салах кој погоди уште во 6. минута, а само две минути подоцна Хендерсон ја најави победата. До крајот на првиот дел Брајтон ја врати надешта кај домаќините, но Салах, со својот втор гол, стави точка на натпреваарот.
Инаку, од претходно Ливерпул ја обезбеди титулата во Премиер лигата, прва по пауза од три децении, додека Брајтон на четири кола до крајот на сезоната обезбеди место во елитата.