Руски гиганти го бркаат Дарбо, Шкупи ќе профитира ако направи трансфер

Поранешниот центарфор на македонскиот првак Шкупи, Гамбиецот Дембо Дарбо кој лани замина во Шахтер Солигорск во Белорусија е пред трансфер во Русија, а на Чаир едвај чекаат да се случи таков трансфер, за дополнително да профитираат зашто им следува процент од следната продажба.

Дарбо во Шкупи дојде во летото 2019 година од сенегалски АСАК Нидамбур, а чаирчани во јануари лани го продадоа Дарбо за скоро еден милион евра, иако точно сумата никогаш не беше објавена во Солигорск. Сега менаџерот на центарфорот, Флоријан Биба објави дека руски гиганти веќе го контактирале за да го ангажираат напаѓачот.

„Дембо би сакал да се испроба во рускиот фудбал, а таму во Русија има многу големи клубови. Неколку од гигантите веќе ме контактираа и знам дека ве интересира кои се, но јас не можам сега да ви ги кажам“, рекол Биба.

Белорусите шпекулираат дека еден од заинтересираните е и првакот Зенит, иако нема потврда дали навистина тимот од Санкт Петербург навистина е загреан за Ганбиецот.

Замената за Дарбо на Чаир, Сандеј Адетунџи, кој изминатата сезона блескаше во макеоднската Прва лига и беше „златна копачка“, сега е пред продажба и чаирчани бараат најмалку два милиони евра, а веќе одбиле една понуда од неименуван хрватски клуб вредна 1,5 милиони евра.