Руни потпиша тригодишен договор со екипа од Чемпионшип

Поранешниот англиски фудбалер и легенда на Манчестер јунајтед, Вејн Руни доби нов ангажман во Чемпионшип, па така во иднина ќе го предводи Плимут.

Руни се враќа на тениските терени по пауза од пет месеци, откако доби отказ од Бирмингем, а сега ќе се обиде да ги оправда очекувањата на екипата која едвај остана во Чемпионшип оваа сезона.

Англичанецот претходно како стратег работеше во Дерби Каунти, Ди-Си Јунајтед и Бирмингем, па ова ќе му биде четврта екипа во тренерската кариера.