Розе ќе продолжи да го тренира Елмас - потпиша нов договор со Лајпциг!

Германскиот гигант Лајпциг потпиша нов договор со стратегот Марко Розе, кој ќе продолжи да го тренира македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и во иднина.

Розе водеше долги преговори со бундеслигашот, а на крајот двете страни се договорија да потпишат соработка до јуни 2026 година.

Младиот тренер претходно ги тренираше Салцбург, Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд, а во Лајпциг пристигна во 2022 година.