„Росонерите“ не му даваат мир на Чалханоглу по освојување на шампионската круна (ФОТО)

Милан ја доби големата битка против вечниот ривал Интер за шампионската круна во италијанското Калчо, а мета за сеир на „росонерите“ стана нивниот поранешен фудбалер Хакан Чалханоглу.

Турската ѕвезда лани играше за Милан, но Интер стигна до титулата, па минатото лето се пресели кај „нераѕурите“ со надеж дека конечно ќе го освои Скудетото, но сезонава повторно остана без титулата.

Ова го искористија „росонерите“ како повод за да му удрат сеир на „предавникот“, кој реши да ги напушти „црвено-црните“ и да го облече дресот на големиот ривал.