Роналдо веќе имал медицински прегледи - во Минхен

Трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус ќе биде објавен во следните неколку денови. 

Португалецот веќе ги минал медицинските прегледи и го потпишал договорот со Јувентус, вели поранешниот спортски директор на торинскиот клуб Лучијано Моџи.

„Зборував со неколку важни луѓе и ми кажаа дека Кристијано Роналдо веќе ги минал медицинските прегледи и тоа во Минхен и го потпишал договорот со италијанскиот шампион“, вели Моџи за италијанското шоу „7 Голд“.

Трансферот на Роналдо во Торино треба да биде околу 100 милиони евра, а ќе заработува околу 40 милиони евра по сезона.