
Роналдо уште не потпишал за Јувентус, а веќе се продава црно-белата седумка (ФОТО)
Според последните најави трансферот треба да се заврши до среда, а Реал Мадрид веќе ја прифатил понудата од Јувентус, додека Роналдо најверојатно од поодамна се договорил со челниците на Јувентус за 30 милиони годишна плата и четиригодишен договор.
И додека сите чекаат официјална презентација, продавачите на сувенири и реквизити воопшто не мируват. Веќе во продажба има црно-бели дресови со седумката и името на Роналдо.
Во Торино вакви дресови веќе се продаваат, но сигурно е дека станува збор за реплики и неофицијални дресови, затоа што допрва треба да излезат оригиналните во фан-шопот на „старата дама“.
They're already selling Ronaldo merchandise in Turin 👀 pic.twitter.com/qsCsEtsLxg
— B/R Football (@brfootball) July 8, 2018