„Роналдо се смее на приказните дека е стар и ќе ви покаже што може да направи“

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер е среќен што Кристијано Роналдо потпишал за неговата екипа и ќе му помогне во борбата за освојување на трофеи.

Португалецот има 36 години и по 12 сезони се врати на „Олд Трафорд“, каде што претходно со многу успех го носеше дресот на „црвените ѓаволи“.

„Сите се возбудени затоа што се врати Роналдо. Тој има одлична кариера зад себе, веќе беше тука, играв со него и многу е поискусен од претходно. Роналдо ужива во приказните дека е стар и на сите ќе им покаже што може да направи“, вели Солшер.