Роналдо против Борусија Дортмунд слави фантастичен јубилеј (ФОТО)

Кристијано Роналдо пристигна во Реал Мадрид во јули 2009 година, а како што велат другото е историја. Португалецот на вечерашниот натпревар со Борусија Дортмунд слави фантастичен јубилеј.

На „Сигнал Идуна Парк“ го игра 400-тиот натпревар во дресот на „кралевите“ во својата кариера. Тој со тоа станува трет странец со најмногу настапи за Реал Мадрид. На првото место е Роберто Карлос со 527 настапи, додека уште еден актуелн фудбалер на „лос бланкос“ Марсело е втор со 416 настапи. Вечерва тој го забележи и 150-тиот настап во Лигата на шампиони, што исто така е фантастично постигнување.

Ако не по бројот на настапи, Роналдо е најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид со 409 голови.