Роналдо открива сè - ги нападна размазените дечишта и ги подбра легендите Невил и Руни (ВИДЕО)

Интервјуто на најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо кај Пирс Морган, чии делови предизвикаа голема бура деновиве, конечно беше објавено со прв ден синоќа во кое Португалецот без влакна на јазикот зборуваше буквално за сè.

Откако крена голема прашина дека не го почитува тренерот Ерик Тен Хаг, дека луѓе во клубот работат да го избркаат, а дека Манчестер јунајтед и газдите Мурдок ги интересираат само парите, а во фудбалски дел гигантот е заостанат, Роналдо ги подбра и младите фудбалери, ама и легендите како Гери Невил и Вејн Руни.

Откри и дека бил на чекор до Манчестер сити ланското лето, дека „граѓаните“ многу се труделе да го донесат од Јувентус, но на крај пресудила љубовта кон својот порашенен клуб и пред сѐ разговорот со неговиот учител сер Алекс Фергусон.

„Манчестер јунајтед нема напредувано од последниот пат кога бев тука. Во моментов е многу поназад од големите клубови како што се Ливерпул и Манчестер Сити. Воопшто не се работи на условите во клубот и неспоредливо е со тоа какви се во Реал Мадрид и Јувентус“, рече Роналдо.

„На младите фудбалери воопшто не им е важен фудбалот. Имаат одличен пример во мене, а на нив им се важни други работи“, додаде Роналдо.

А, на крај ги подбра Невил и Руни посочувајќи дека се обидуваат со критики кон него да добијат на – популарност!

„Гери Невил и Вејн Руни со тоа што ме критикуваат добиваат на популарност. Не знам можеби ми се љубоморни. Не сум другар со нив, со нив бев колега и тие се само дел од моето патување. За разлика од нив Рио Фердинанд и Рој Кин се секогаш на моја страна. Кин е најдобриот капитен кој некогаш сум го имал“, посочи Роналдо.

Целиот прв дел од интервјуто трае безмалку 50 минути.