„Роналдо не ја доби 'Златната топка' поради мафијата“

Откако Лука Модриќ ја освои „Златната топка“ многу луѓе го искажаа своето разочарување. Очигледно е дека некои луѓе забораваат дека Хрватот ги обедини сите индивидуални награди во фудбалот, почнувајќи од Златната топка на СП, потоа наградите на УЕФА и ФИФА. Толку многу луѓе не можат да грешат во изборот. 

Јасно е дека дел од фудбалерите се лоши губитници и нивното его не им дава да му честитаат на Лука Модриќ за комплетно заслуженото признание.

Откако голем дел од фудбалерите воопшто не се ни појавија на гала-вечерта на „Франс фудбал“, најсмешната реакција ја имаше сестрата на Кристијано Роналдо.

Таа смета дека мафијата е највиновна што нејзиниот брат Кристијано повторно не е добитник на „Златната топка“.

„За жал ова е светот во кој живееме, скапан, со мафија и е**ни пари. Силата на господ е далеку поголема од оваа скапаница. На Господ му треба време, но тој никогаш не греши“, напиша Елма Авеиро на „Инстаграм“.