Роналдо „натерал“ три ѕвезди да го одбијат Реал Мадрид

Кристијано Роналдо си замина од Реал Мадрид лани за 112 милиони евра, па кариерата ја продолжи во Јувентус, со кој стана шампион на Италија.

„Кралевите“ летово тргнаа фуриозно, па веќе ангажираа неколку ѕвезди, но три фантастични фудбалери одбиле да се преселат во Мадрид поради Роналдо.

Според „Фокс Спорт“, Роналдо влијаел на мислењето на Пол Погба, кој одбил да се пресели во Мадрид, па наводно посакал да се врати во Јувентус, кадешто играше претходно.

Останатите фудбалери кои одбиле да се преселат во „кралскиот клуб“ поради Роналдо се Матијас де Лихт, кој се очекува да се пресели во италијанскиот шампион, како и Жоао Феликс, кој има желба да заигра во Мадрид, но во тимот на Атлетико.