Роналдо му даде два гола на Кротоне за нов триумф на Јувентус (ВИДЕО)

Јувентус со денешниот триумф од 3-0 против Кротоне се вклучи во трката за Скудетото откако се искачи на третата позиција во Серија А.

Кристијано Роналдо во првото полувреме успеа двапати да го матира голманот на гостите, и тоа во 38. и 45. минута.

Во вториот дел во листата со стрелци се запиша и Вестон МекКени, кој ги постави конечните 3-0 и им донесе три бода на „бјанконерите“.

Јувентус во моментов има 45 бодови и се наоѓа на третото место веднаш зад Милан, кој има 49 и Интер, кој има 53 бода.